Мората го одбрал следниот клуб?

by
1 минути читање

Иако има многу подобар ефект од Карим Бензема, Алваро Мората останува втор опција во Реал Мадрид и тоа го фрустрира шпанскиот напаѓач.

Информациите велат дека тој нема намера да остане во подредена улога и да биде стартер само тогаш кога треба да се одмори Бензема, решен е да го напушти Реал Мадрид во летниот преоден рок.

„Диарио Гол“ тврди дека агентот на Мората се сретнал со официјални лица на Челси и се договориле за трансфер во лондонскиот клуб иако преговарале и со други екипи.

Девојката на Мората е во потрага на куќа во Лондон.

Останува уште малку до почетокот на преодниот рок, па дали ваквите шпекулации се вистинити ќе видиме во јуни.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани