Алваро Мората откри зошто се разделил со Аличе Кампело и меѓу редови порача дека го одбрал Милан пред сопругата.
По трансферот на Алваро Мората во Милан, пристигна информација дека напаѓачот се разделил со сопругата Аличе Кампело.
Шпанецот сега откри која е причината за разделбата и меѓу редови порача дека преселба на Сан Сиро му била приоритетот ова лето.
„Уништен сум, но се колнам дека не ја изневерив. Таа е најважната жена во мојот живот“ – вели Мората.
„Аличе сакаше да остане во Шпанија и не сакаше повторно да се сeли. И покрај тоа што имаме различни гледишта, и понатаму сме во одличен однос“.
Алваро Мората и Аличе Кампело се запознаа во 2016, кога фудбалерот настапуваше за Јувентус, во 2017 стапија во брак на церамнија во Венеција.
Од бракот имаат четири деца, близнаците Леонардо и Алесандро родени во 2018, Едоардо роден во 2020 и Бела родена во 2023 година.