71
Силно се шпекулираше дека Мората ќе биде ново засилување на Манчестер јунајтед, а Лукаку на Челси, но се случи обратното.
24-годишниот Шпанец наскоро треба да го комплетира трансферот во Челси.
„Ова е најдобриот клуб. Антонио Конте е еден од најдобрите тренери во светот и среќен сум што ќе работам со него“ – вели Мората за „Скај Спортс“.
Тој беше и запрашан колку блиску бил до трансфер во Манчестер јунајтед.
„Не знам, најважно е што сум тука и ќе играм за Челси. Конечно сум тука. Ова е една од најдобрите лиги во светот и многу сум среќен што сум тука“.