Мората донел одлука за својата иднина, напаѓачот на Реал им се доверил на пријателите за следниот чекор

by
1 минути читање

„Црвените Ѓаволи“ се во потрага на нов голгетер и изборот падна на Алваро Мората.

Првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез оваа недела истакна дека не се водат преговори со Манчестер јунајтед, но последните информации велат дека напаѓачот е на чекор до преслеба на Олд Трафорд.

Шпанецот го прекина медениот месец и се врати во Мадрид на средба со Флорентино Перез и лидерите на Реал во обид да ги забрза преговорите.

Алваро Мората успеал во намерата, „Кралевите“ ќе ги намалат барањата па се очекува двата клуба да си подадат рака за зделка околу 70 милиони евра.

Експрес пишува дека Алваро Мората на блиските пријатели веќе им соопштил дека се сели во Манчестер јунајтед.

Весникот додава дека Шпанецот се одлучил на еден ваков чекор по разговорите со Жозе Мурињо, кој јасно му ставил до знаење дека ќе биде прв избор во нападот и замена за Златан Ибрахимовиќ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани