Столчето на
„Авиончето“ се тресе по двата порази на стартот од сезоната, па на „Росонерите“
не им требаше нов кикс против Ријека.
Иако почна одлично, на Милан му се закануваше нова бламажа откако гостите со два гола во
завршницата изедначија на 2-2.
Сепак, Кутроне погоди во 94. минута и веројатно го спаси Винченцо Монтела, која
при прославата на голот имаше жесток дуел со Леонардо Бонучи.
На средбата со
новинарите, стратегот ја објасни својата реакција.
„Да, бев прилчно
жесток со Бонучи по третиот гол, тој е нашиот капитен и еден од поискусните и
треба да биде пример за тоа како се контролира средбата кога се има водство“
– вели Винченцо Монтела.
„Но нема никакви
проблеми, само со малку повеќе емоции му ги кажав замерките“.