141
„Росонерите“
попладнево одиграа само 1-1 против фенерџијата Пескара, а во центарот на
вниманието беше огромната грешка на тинејџерот Џиџо Донарума.
Пескара поведе со
автоголот на Габриел Палета, но погодокот оди на душа на голманот на Милан, кој
промаши цел фудбал и овозможи вратената топка кон него да заврши во мрежата.
„Џиџо треба да
остане релаксиран” –
рече по крајот на натпреварот Винченцо Монтела.
„Вакви грешки се
случуваат, ќе го направат посилен и ќе му помогнат да порасне”.
„Доколку
победевме, ќе се смеевме на оваа ситуација”.
„Настана
недоразбирање, Палета беше под притисок и ја врати топката до Донарума, кој
беше на добро место но го изневери првиот допир”.