Милан си ја заврши работата уште на Сан Сиро каде ја победи Шкендија со убедливи 6-0, па утрешниот натпревар ќе им биде само еден посериозен тренинг.
Поради тоа Монтела ќе направи неколку измени во тимот и ќе одмори дел од првотимците.
„Важни ни се и Серија А и Лига Европа и комплетно сме посветени на натпреварот против Шкендија. Но, имаме голем фонд на играчи и тимот ќе биде поразличен. До декември ќе играме на секои три дена, па треба да им дадеме одмор на некои од фудбалерите. За Милан секој натпревар е важен, утре одиме на победа“ – вели Монтела.
„Имаме победа од 6-0 и секако дека веќе се гледаме во групната фаза. Но сакаме и утре да победиме. Мислам дека натпреварот ќе биде поразличен од првиот, противникот ќе наметне поинаков интензитет пред своите гледачи“.