Мончи: Рома е бренд, сакаме да го исполниме сонот на секој навивач

by
1 минути читање

Амбициозниот Мончи ја презеде функцијата спортски директор
на Рома, на радост на навивачите на овој клуб со оглед на неговите бројни
успеси со Севилја, во интервју за официјалниот клупски сајт на италијанскиот
калчолигаш тој изјави дека веќе знае каков тренер треба да го води тимот од клупата следната сезона, со
оглед на тоа дека Лучијано Спалети и Рома се разделија.

Сакаме тренер
кој има идеја, чиста идеја, работи премногу за остварување на своите цели,
лесно да се вклопи во клупската филозофија, да створи победничка атмосфера, тоа
го бараме
“ потенцираше Рамон Родригез – Мончи.

Рома како
фудбалски клуб е бренд, силен, проектот што го имаме зацртано е амбициозен,
Рома сруши рекорд во однос на постигнатите погодоци сезонава и освоените бодови
во Италија, тоа е сатисфакција дека работата е успешно завршена. Нашата цел е
да го исполниме сонот на секој навивач на Рома, тоа би било најголемо
достигнување за мене и луѓето околу мене
“ дополни новиот спортски директор на
тимот од Рим кој притоа се осврна и на трансфер политиката, велејќи дека без
разлика на позицијата на табелата, проектот кој го има зацртано ќе се
движи во позитивна насока.

Мончи не штедеше пофални зборови за легендата на клубот, Франческо Тоти кој изминатиот
викенд го одигра својот последен натпревар во дресот на Рома, за оваа тема истакна
дека приказната и поврзаноста на Тоти со Рома е уникатна и клубот имал огромна
среќа и чест што бил дел од неа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани