Мончи јасно му порача на Лестер: Втората понуда за Марез беше последна, имаме и други опции!

by
1 минути читање

Спортскиот
директор на Рома одговори на прашањата на новинари од Италија во однос на тоа
дали тимот од Рим има план „Б“ во однос на Ријад Марез, напаѓачот на Лестер.

Мојот начин на
работа не е да работам на еден фудбалер, туку на повеќе, тоа е најлогичното
решение според мене. Ние имаме повеќе опции, ситуацијата е јасна, познато е
дека Марез е наша желба, но другите алтернативи за вас не ви се познати…

рече Мончи.

Испративме две
понуди за Марез, онаа втората беше одлична, барем според мене. Откако добивме
негативен одговор веднаш се насочивме кон алтернативните решенија, Марез е
опција, но не и единствена
“ порача Мончи кој стави јасно дознаење дека за Рома
втората понуда до Лестер за Марез била последна во тие преговори, сега останува
на одлуката на премиерлигашот.

Медиумите во
Англија пак, пишуваат дека Арсенал е „во војна“ со Рома за Ријад Марез.

Се чини дека добриот познавач на европскиот трансфер пазар, Мончи со пораката која ја упати кон Лестер на некој начин сакаше да издејствува да направи медиумски притисок врз премиерлигашот, додека пак во однос на Арсенал, се чини дека интересот на „Топчиите“ за Марез, зависи од иднината на Санчез.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани