Мончи и кажа не на Барселона а даде и теорија зошто Реал го продал Роналдо

by
1 минути читање

49 годишниот
Шпанец важи за еден од најдобрите спортски директори, и овој месец повторно се
појавија гласини дека Барселона сака Мончи да биде задолжен за трансферите на
Камп Ноу.

Во пресрет на
гостувањето на Рома кај Реал Мадрид во Лигата на шампионите, Мончи беше гостин
во шоуто „Ел Партидазо“ и беше запрашан колку има вистина во овие гласини.

„Не сакам да зборувам за работи кои немаат логика, како понуда од Барселона.
Јас сум човек кој живее во сегашноста. Не се грижам ништо друго освен за
секојдневните обврски. Имам уште една година од договорот со Рома. Во моментов
не размислувам за враќање во Шпанија, добро ми е тука“
– вели Мончи

Тој потоа даде и
теорија зошто Реал Мадрид го продал Кристијано Роналдо, трансферот на ЦР7 во
Јувентус беше најголемата зделка изминатово лето.

„Верувам дека тим
кој три години во низа ја освојува Лигата на шампионите, тешко му е да најде
нова мотивација. Со продажба на Кристијано Роналдо, составот би можел да добие
нова мотивација, да покаже дека може да победува без Португалецот. Мотивацијата
е неопходна за успех“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×