Мончи, кој важи
за еден од најдобрите спортски директори во светот на фудбалот, за 17 години на
оваа функција во Севиља ангажирал над 150 играчи.
Тој ги одработува последните денови од авантурата со клубот од Андалузија, па
овој период го користи за да се потсети на одличната работа која ја завршил
изминативе години.
За Марка тој
создаде идеален тим од играчите кои ги донел на Рамон Санчез Писхуан, во него
нема место за имиња како Витоло, Баптиста, Бака и Гамеиро.
На голот се наоѓа
Андреас Палоп, јунакот од финалето во УЕФА Купот во 2007, кога одбрани три
пенали против Еспањол.
Десен бек е Дани
Алвес, лев бек е неговиот сонародник Адриано (двајцата беа продадени за добра
сума на Барса), а срцето на одбраната ја сочинуваат Ескуде и Хави Наваро, кој
како капитен подигна дури пет трофеи.
Средниот ред го
сочинуваат Кристијан Поулсен (кој пристигна за без пари, освои четири титили со
Севиља и беше продаден на Јувентус за 10 милиони евра), Ренато (кој беше стрелец
во две финалиња и освои шест титули), Иван Ракитиќ (кој дојде за 2,5 милиони
евра, беше играч во финалето на Лига Европа и победата над Бенфика во 2014 а
потоа продаден на Барселона за 20 милиони евра) и Евер Банега (купен за 2
милиони евра, и освои две титули во Лига Европа).
Нападот е
резервиран за двајцата најдобар стрелец во поновата историјата на Севиља, Луис
Фабиано и Фредерик Кануте.