Во саботата Милан ги освои трите бода од гостувањето кај соседот Монца, росонерите победија со 1-0, но домаќинот беше оштетен за гол.
По натпреварот тренерот на домаќините, Алесандро Неста беше бесен на судењето, особено на поништениот гол поради фаул во зачетокот на акцијата.
Од судиската комисија во италијанскиот фудбал признаа дека Монца е оштетена во таа ситуација и погодокот е чист.
„Главниот судија на натпреварот во иста акција направи две грешки. Првата е дека контактот беше многу мал за да биде санкциониран како фаул, а втората грешка е тајмингот. Доколку сметаше дека е прекршок, требаше да свирне и да ја прекине акцијата. Тој дозволи таа да продолжи, а потоа досуди фаул. Самиот креираше непријатна ситуација“, рекоа од судиската комисија.