Монако со остра порака до Милан: Фофана ќе биде продаден само под наши услови

by bojan
1 минути читање
Фофана

Од таборот на Монако порачаа дека ќе го продадат Јусуф Фофана само под нивни услови, и не ја исклучуваат можноста фудбалерот да остане во малото кнежевство и оваа сезона.

Јусуф Фофана одлучи да се пресели во Милан и си подаде рака со „росонерите“, но двата клуба никако да пронајдат јазик за висината на трансферот.

Се шпекулира дека разликата е многу голема, Милан на маса ставил 17 милиони евра, доедка пак Монако бара двојно повеќе, односно 35 милиони евра.

„Постои можност да остане“ – вели директорот Тијаго Скуро.

„Имаме добар однос со него, нема конфликти. Но јас мора да гледам што е најдобро за клубот, без разлика какви ќе бидат последиците“.

„Да, треба да видиме што е најдобро за играчот, но мора да видиме и што е најдобро за клубот. Во моментов се водат преговори, нема договор, мора да се почитуваат условите кои ние ги поставивме“.

„Доколку на крајот играчот остане, ќе му понудиме нова соработка“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани