Монако сака да продаде само двајца фудбалери во летниот преоден рок, но…

by
1 минути читање

Монако е најпријатното изненадување оваа сезона во фудбалска Европа. Францускиот играч има интересен, офанзивен и атрактивен тим кој го привлекува вниманието.

Голем дел од фудбалерите на Монако се поврзуваат со заминување од клубот по крајот на сезоната бидејќи интересот од европските гиганти е голем.

Францускиот весник „Л’Екип“ објавува дека Монако прифаќа да ги продаде само Тиему Бакајоко и Бернардо Силва и никој друг.

Но, се верува дека нема да биде така, во тимот има уште неколку атрактивни фудбалери за кои клубовите се спремни да одвојат огромни средства кои Монако не би можел да ги одбие.

Главна ѕвезда е Мбапе кој се проценува на повеќе од 100 милиони евра, сума која ако некој ја понуди, тешко е дека Монако ќе може да ја одбие.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани