Монако распродаде половина тим, еве колку заработи од Силва, Бакајоко, Менди и Мбапе

by
2 минути читање

Монако минатата
сезона ги воодушеви фудбалските љубители со офанзивниот фудбал кој го негуваше, клубот од Луј
Втори приреди сензација во Франција и стигна до титулата пред далеку побогатиот
ПСЖ а имаше и добра авантура во Лигата на шампионите.

Па очекувано,
гигантите од Европа ги разграбаа најдобрите играчи на Монако ова лето.

Од ѕвездите прв
си замина Бернардо Силва, Португалецот беше донесен за 15 милиони евра а
продаден за 50 милиони евра на Манчестер Сити.

Потоа клубот го
напушти Тимуе Бакајоко, за кого Монако плати 8 милиони евра а на Челси му го
продаде за 45 милиони евра.

Манчестер Сити
купи уште еден играч, левиот бек Бенџамин Менди за кого искешира 57 милиони
евра, односно речиси четири пати повеќе од сумата која Монако му ја плати на
Марсеј пред 12 месеци (15 милиони евра).

Денеска беше
потврден и трансферот на Килијан Мбапе во ПСЖ кој е вреден 180 милиони евра, но
за ПСЖ да ги заобиколи правилата за Финансиски фер плеј официјано зделката се
води како позајмица. За талентираниот Французин, Монако нема платено ниту еден
милион.

Клубот исто така
продаде и неколку играчи кои не беа стандарни првотимци, Валер Жермен заврши во
Марсеј за 8 милиони евра, Аби Диало во Маинц за 5 милиони евра, Набил Дирар во
Фенербахче за 3,5 милиони евра, а Корентин Жаен во Тулуз за приближна сума.

Ако се соберат
сите бројки, Монако заработи околу 300 милиони евра, но бројката можеше да биде
и поголема со оглед на тоа дека шампионот на Франција денеска се сложи да го
продаде и Томас Лемар на Арсенал за 100 милиони евра, но играчот ги одби
„Топчиите“, а ПСЖ во последен момент се откажа од Фабињо за кого требаше да
плати 60 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани