Монако потврди: Мбапе ако сака може да си оди

by
1 минути читање

По фантастичната сезона на Монако во која тимот ја освои француската лига и стигна до полуфиналето од Лигата на шампионите, интересот за нивните играчи е голем.

Особено е голем за главната ѕвезда, Килијан Мбапе за кој интерес има од најголемите клубови во Европа.

„Немаме проблеми со финансии, па не сме приморани да продаваме, но денот кога фудбалер или тренер сака да си замине, едноставно незамисливо е да го држиме против своја желба. Ние не сме Реал Мадрид, Барселона или Манчестер“ – вели претседателот на Монако, Риболовлев.

„Марсијал кога направи трансфер во Манчестер јунајтед тој побара да си замине, ние го разбравме и му дозволивме“.

„Не знам колку вреди Мбапе, пазарот одлучува за тоа и зависи кој сака да инвестира во него“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани