Монако нема добиено понуда за Мбапе, ниту пак сака да го продаде на ПСЖ

by
1 минути читање

Вчера, Марка и уште неколку весници објавија дека Килијан Мбапе ќе му се придружи на Нејмар во Париз, ПСЖ го договорил трансферот на тинејџерот за фантастични 180 милиони евра.

Но според медиумите од Франција нема вистина во ваквите стории.

Радио Монте Карло повикувајќи се на извор близок до Монако, пренесе дека нема договор помеѓу двата клуба, а нема пристигнато ниту официјална понуда.

Лекип во меѓувреме вели дека потпретседателот на клубот од Луј Втори, Владимир Василјев, одбива да преговара со ПСЖ.

Она што е вистина е дека Килијан Мбапе уште пред десет дена решил да замине од Монако.

Реал Мадрид и Манчестер Сити, кои претходно се посочуваа како главни фаворити не реагирале, па ПСЖ успеал да го привлече играчот со богата понуда како и идејата да настапува покрај Нејмар.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани