Како и што се очекуваше, дуелот помеѓу Борусија Дортмунд и Монако понуди офанзивен фудбал, шанси и голови, а победа слави францускиот тим.
Не се чакеше многу до првите возбудувања, уште во 17. минута Монако доби пенал, но Фабињо не беше прецизен.
Но, за негова среќа само две минути подоцна Мбапе постигнува гол и Монако сепак поведува со 1-0. Во 35. минута Бендер си постигна автогол, на полувремето се замина со 2-0 за Французите.
По 12. минути игра во второто полувреме гол на Борусија Дортмунд, Дембеле го намалува резултатот на 2-1 и ја враќа Борусија Дортмунд во живот.
Во 79. минута на сцена повторно стапува Мбапе кој постигнува втор гол вечерва и ја враќа предноста од два гола за Монако.
Пет минути подоцна Кагава стрела прецизно за конечни 2-3 и каква таква надеж за Борусија Дортмунд дека во реваншот ќе може да дојде до триумф кој ќе значи полуфинале.
Сепак по денешниот меч многу повеќе причини за радост има Монако кој е на прагот меѓу четирите најдобри.