Монако ја одреди цената за Мбапе, таа нема да им се допадне на гигантите

by
1 минути читање

18 годишниот
Французин експлодираше на фудбалската сцена оваа сезона, се најавува како
следната голема ѕвезда па го привлече вниманието на сите големи клубови ширум
Европа.

Според медиумите
од Шпанија, Монако веќе ја одредил цената за Килијан Мбапе и таа нема да им се
допадне на гигантите.

Реал Мадрид во
2012 имаше неуспешен обид да го ангажира играчот, па „Кралевите“ сега одново се
распрашуваат за големиот талент.

Ако пред пет
години клубот од Сантијаго Бернабеу можел да го ангажира Килијан Мбапе за мала
сума, сега ќе треба да го направи најголемиот трансфер во историјата.

Монако, на совет
на супер агентот Жорж Мендеш, за услугите на својот бисер бара неверојатни 120
милиони евра.

Од оваа сума
навистина боли глава, но Монако пред неколку години во слична зделка го продаде
Антони Марсијал на Мачестер јунајтед за 50 милиони евра плус додатни 30 милиони
евра во бонуси.

А според
фудбалските стручњаци, Килијан Мбапе е далеку подобар од Антони Марсијал на
негова возраст.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани