Монако е шампион на Франција! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Иако беше јасно дека тие се новите шампиони на Франција од вечерва тоа е и официјално. Монако го победи ПСЖ во трката за големиот пехар.

До оваа сезона богатиот ПСЖ имаше четири титули во серија, но таа е прекината од Монако, тим полн со таленти од кои голем дел веројатно и ќе направат трансфер во летниот преоден рок.

Вечерва го совладаа Сент Етијен со 2-0. Резултатот го отвори Мбапе уште во 19. минута, а победата ја завери Жермен пред самиот крај на натпреварот.

Во Франција има уште едно коло, но Монако има шест бодови предност пред ПСЖ, освои вкупно 92 бода со неверојатни 104 постигнати голови, дури 22 повеќе од најголемиот ривал.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани