Кристијано Роналдо е идолот на Квича Кварацхелија, па напаѓачот на Грузија синоќа на момент го прекина славјето и се упати да се поздрави со Португалецот.
Грузија синоќа го приреди најголемото изненандување на Европското првенство, ја сволада Португалија со 2-0 за прва историска победа на континенталните собири и историски пласман во осмина-финале.
Еден од хероите беше Квича Кварацхелија, кој го постигна голот за водство од 1-0 и беше прогласен за играч на натпреварот.
Вечерта дополнително беше специјална откако офанзивниот фудбалер на Наполи го размени дресот со Кристијано Роналдо.
Популарниот ЦР7 е идол на Квича Кварацхелија, па камерите на УЕФА го уловија Грузиецот како на момент го прекина славјето и се упати да се поздрави со Португалецот.
🤗 Wait for it…
— UEFA EURO 2024 (@EURO2024) June 27, 2024
Kvaratskhelia x Cristiano Ronaldo#EURO2024 pic.twitter.com/fkT4Qxk3wK
Обложувај се онлајн на натпреварите од ЕП на Моцарт и добиј бонус до 400 евра, регистрирај се ТУКА.