Момент кои многумина со нетрпение го очекуваа: Почетни состави за мечот Русија – Египет

by
1 минути читање

Русија стартуваше
со победа од 5-0 над аутсајдерот Саудиска Арабија на Светското првенство, а
Египет со минимален пораз од 1-0 против Уругвај, несреќен со гол примен во
завршницата од средбата.

Токму домаќинот
на Мундијалот и селекцијата која беше едно од најпријатните изнедувања во
квалификациите за големиот фудбалски турнир вечерва со почеток од 20 часот ќе
ги одмерат силите на теренот, а имаме прилика и да ги проследиме почетните
состави на обете селекции.

Во стартниот состав на Египет се најде и првата ѕвезда на тимот, Мохамед Салах кој првиот меч го проследи од клупата за резервни фудбалери.

Русија: Акинфеев, Черишев, Ѕјуба, Фернандес,
Газински, Головин, Игнашевич, Кутепов, Самедов, Жирков и Зобнин.

Египет: Ел Шенави, Абдел-Шафи, Елнени, Фати, Габр,
Хамед, Хегази, Мосен, Саид, Трезеге и Салах.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани