Момците на Капинковски не ги победија Фарски Острови!

by Стефан
0 минути читање

Фудбалската репрезентација на Македонија до 19 години со реми ги започна квалификациите за Европското првенство, откако одигра нерешено против Фарските Острови.

Иако избраниците на селекторот Димитар Капинковски влегоа како фаворити во овој дуел, на стартот од турнирот во Холандија мораа да се задоволат со само еден освоен бод.

Следниот предизвик за младите македонски фудбалери ќе биде значително потежок, бидејќи ќе се соочат со домаќинот Холандија, која важи за главен фаворит во групата и денеска со минимални 1-0 ја победи Молдавија.

Во оваа фаза од квалификациите, пласман во следната рунда обезбедува само првопласираната селекција.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×