1,1K
Eкипата на Реал Мадрид овој викенд славеше победа над Лас Палмас со 4:1, а во овој натпревар внимание привлече сцената во која во главна улога беше едно детенце.
Имено, момчето успеа да помине покрај обезбедувањето и да дојде до Килијан Мбапе од кого си доби дрес.
По натпреварот се појави информација дека станува збор за момче од Гостивар кое има десет години и се вика Реис Вејзи.
Мбапе е негов фудбалски идол, па сигурно дека моментот од овој дуел е и тоа како важен за него и долго ќе го памети.