Молк од седум фудбалери на Реал, не кажаа ниту едно „фала“ на Чаби Алонсо

by bojan
1 минути читање

Седум фудбалери на Реал Мадрид, помеѓу кои и ѕвездите Винисиус Жуниор и Џуд Белингем, не се огласија на социјалните мрежи по отказот на тренерот Чаби Алонсо.

„Кралевите“ вчера се разделија со Чаби Алонсо, за отказот на стратегот се говореше со месеци, а конечната одлука падна по поразот од Барселона во финалето на Суперкупот на Шпанија.

Се говори дека главна причина за разделбата е тоа што тренерот ја изгубил соблекувалната и нарушениот однос со неколку ѕвезди прстот се вперува кон Винисиус Жуниор, Џуд Белингем и Феде Валверде.

Дека нешто се случува говори и фактот дека дури седум фудбалери на Реал Мадрид решија да молчат по отказот, и не кажаа ниту едно „фала“ на Чаби Алонсо.

Станува збор за Винисиус Жуниор, Џуд Белингем, Едер Милитао, Ферланд Менди, Трент Александер Арнолд, Франко Мастантуоно и Брахим Диаз.

За Брахим Диаз ова е оправдано со оглед на тоа дека тој е на Африканскиот куп на нации и неговиот целосен фокус е на полуфиналето помеѓу Мароко и Нигерија.

На социјалните мрежи нема реакција и од Ендрик, кој поради малата минутажа беше испратен на позајмица во Лион, каде веднаш почна да ги тресе мрежите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×