Моќно деби на Бензема, хет-трик во првиот меч за Ал Хилал! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Карим Бензема уште во првиот натпревар за Ал Хилал покажа дека ќе биде големо засилување за тимот на Инзаги, новата авантура ја почна со три гола.

Ал Хилал со убедливи 6-0 победи на гостувањето кај Ал Окхдод, а првите три гола беа дело на Бензема.

Французинот првиот гол го даде во 31. минута кога погоди со пета.

Во 60. минута зголеми на 2-0, а хет-трикот го комплетираше четири минути подоцна кога донесе водство од 3-0.

Малком и Ал Давсари два ги постигнаа преостанатите три гола за Ал Хилал.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×