ПСЖ со моќна партија го елиминира Реал Мадрид (4-0) во полуфиналето на Светското клупско првенство. Тимот на Луис Енрике му предаде лекција по фудбал на противникот од Шпанија и убедливо го совлада.
Само шест минути беа потребни за да се отвори резултатот на „МетЛајф стадион“ во Њу Џерси. Стрелец на првиот гол за Реал беше Фабиан Руиз по одбиена топка. Веќе во деветтата минута Осман Дембеле успеа да ја удвои предноста по огромна грешка на искусниот Рудигер.
За шокот да биде уште поголем се погрижи повторно Руиз. Течеше 24. минута кога ПСЖ го искористи просторот откако Реал се подотвори, Хакими повлече и го проигра Шпанецот, а овој рутински погоди за 3-0.
Во второто полувреме долго немаше големи возбудувања. Дадоа парижани и четврти гол кој беше поништен, додека Реал речиси и да немаше вистинска шанса. Казната за инфериорноста и индиспонираноста дојде во 87. минута со голот на Гонсало Рамос за конечните 4-0.
Во финалето на Светското клупско првенство в недела ПСЖ ќе игра против Челси.
Фото: FIFA