Моќна порака на Барди: Ова беше пораз од кој ти гори душата, но сè уште сме живи!

by Стефан
1 минути читање

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација испрати моќна порака на социјалните мрежи, порачувајќи дека дебаклот од Велс треба да биде причина за мотивација во баражот.

„Тежок пораз, оној што ти го гори душата!  Велс нè удри силно. Болка, разочарување да . Но ова не е крај! Сè уште сме во плејофот во март. Сè уште сме живи. Овој пораз треба да нè запали, а не да нè изгаси. Да се вратиме погладни, поагресивни, поцврсти! Ние не се предаваме. Никогаш“, гласи пораката на капитенот

Македонија во полуфиналниот бараж ќе се соочи со Данска на гостински терен на 26 март, додека за пет дена подоцна е закажан финалето во кое ако се плаираме ќе играме против Чешка или Република Ирска.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×