Јувентус со убедливи 4-1 го доби мечот со Парма и ја потврди добрата форма во која се наоѓа во моментов.
Со голови на Бремер и Мекени во првото полувреме Јувентус водеше со 2-0.
По шест минути игра во вториот дел Камбиасо си постигна автогол и ја врати надежта на Парма дека може да се спаси.
Но само три минути подоцна Бремер со својот втор гол на мечот ја врати предноста од два разлика за Јувентус, а брзо потоа и Давид даде гол за конечни 4-1.