Моќен старт на Арсенал во Премиерлигата, лесни три бода од Кревин Котиџ (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Арсенал дојде до планираните три бода од Кревин Котиџ, момците на Микел Артета одиграа одличен меч и сосема заслужено дојдоа до победата.

Резултатот беше отворен уште во осмата минута, кога Лаказет најдобро се снајде во една мешаница и погоди за водство од 1-0.

Во првиот дел Арсенал имаше и статива која ја погоди Вилијан од слободен удар. Бразилецот кој го имаше своето официјално деби за точиите одигра одличен меч.

По четири минути игра во второто полувреме, по асистенција на Вилијан, дефанзивецот Габриел во својот прв меч за Арсенал постигна гол за водство од 2-0.

И осум минути подоцна Вилијан ја имаше улогата на асистент, овој пат за Обамејанг кој ги постигна конечните 3-0.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×