Мојсов: Да не бидеме скромни, Тиквеш оди по трофејот во Купот на Македонија

by bojan
1 минути читање
Мојсов

Тренерот на Тиквеш, Ѓорѓи Мојсов вели дека Воска е противник кој заслужува почит, но порача дека неговиот тим оди по победа во финалето во Купот на Македонија.

Утрешното финале во Купот на Македонија ќе биде прво и за Тиквеш, па и клубот од Кавадарци сака да испише историја.

„Тиквеш е клуб со традиција, но еве сега првпат сме тука, во истороско финале. Нема да бидеме скромни, одиме на победа, без разлика дали ќе биде по 90 минути игра, по 120 минути игра или на пенали“ – вели тренерот на Тиквеш, Ѓорѓи Мојсов.

„Играме против квалитетен противник, противник кој заслужува почит“.

„Се надевам дека ќе одиграме добро финале, и се надевам дека ние ќе бидеме тие кои ќе се радуваат на крај“.

Дуелот помеѓу Тиквеш и Воска е со почеток во 19 часот на арената „Тодор Порески“ во Скопје.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани