Дејвид Мојс во
интервју за „ЕСПН“ вели дека Фелаини е одличен фудбалер за Манчестер јунајтед,
многу корисен, а тоа го потврдува и со фактот што веќе двајца тренери имаа доверба во него.
„Доколку
погледнете на какви натпревари играше тој во периодот на Луис ван Гал и сега под
кормилото на Жозе Мурињо, ќе сфатите едно нешто, тој е витален дел од тимот…“
вели поранешниот стратег од клупата на Манчестер јунајтед, Дејвид Мојс.
Мојс по заминувањето
од Евертон го наследи Алекс Фергусон во тимот од „Олд Трафорд“, не чекаше долго
да го земе со себе својот миленик Фелаини, за кого вели дека е измислен за
модерниот фудбал.
„Тој е фудбалер
кој е измислен за модерниот фудбал, покрива голем дел од теренот, одличен е во
додавањата, ја развива играта, може да постигне и по некој гол во противничката
мрежа, а она што е најважно е тоа што ви помага да ги покриете двата делови од теренот“
додаде Мојс.