72
Дејвид Мојс од утре ќе
седне на кормилото на англискиот премиерлигаш Вест Хем, откако овој клуб ја
раскина соработката со хрватскиот стратег Славен Билиќ, пренесува „Скај Спортс“.
Шкотланѓанецот дебито на
клупата на Вест Хем треба да го има на гостувањето кај Ватфорд на 19 ноември.
Мојс е без ангажман
откако го напушти Сандерленд на крајот од ланската сезона бидејќи клубот
испадна во понизок ранг на Англија, односно во Чемпионшиплигата.
Вест Хем со девет бода
се наоѓа во зоната на испаѓање во Премиерлигата по 11 одиграни кола во овој
шампионат.