Италијанските медиуми се едногласни, Моизе Кин во наредните 48 часа ќе го комплетира трансферот од Јувентус во Евертон.
Паднал договор меѓу Јувентус и Евертон. Англискиот клуб ќе плати 30 милиони евра плус 10 милиони евра во разни бонуси.
Јувентус во преговорите бараше да има клаузула според која ќе има право да го откупи фудбалерот за одредена сума, но нејасно е дали такво нешто е вклучено во договорот.
Повеќе се верува дека клубовите се договориле кога Евертон ќе одлучи да го продаде Кин прв ќе го праша Јувентус, но сумата не е договорена однапред.
19-годишниот напаѓач ќе заработува три милиони евра по сезона. Тој веќе ги спакувал куферите, го напуштил кампот на Јувентус и се очекува наскоро да пристигне во Ливерпул на медицински прегледи со Евертон.
За потенцијалот на Кин говори фактот што негов агент е Мино Рајола.
Тој веќе постави неколку рекорди, стана првиот играч роден 2000 година кој постигна гол во една од топ петте европски лиги, тоа се случи во мај 2017 против Болоња.
Кин иако е толку млад веќе има два гола од три настапи за сениорската репрезентација на Италија.