Моисе Кин,
младата ѕвезда на Јувентус кој веќе постигна два гола во дресот на Италија во
рамките на квалификациите за ЕП 2020, се дистанцираше од својот татко, кој
јавно го прозва тимот од Торино дека му должи два трактори за тоа што го имаат
неговиот син во својот тим денеска.
Биору Жан е од
поодамна разделен со мајката на Моисе, која останала да се грижи за двата сина,
а тој јавно се пожали дека освен што не добива влезници за натпреварите на
Јувентус, од таму дури и не добива никаков одговор на повиците.
„Трактори? Не
знам за што зборувате…“ напиша Моисе на социјалните мрежи.
Таткото на Моисе Кин го потсети Јуве: Се уште ми должите два трактори
„Доколку јас сум
тој што сум денеска, тоа е најмногу благодарение на мојата мајка, со тоа јас
лично кажав се’ на оваа тема“
додаде тој, потенцирајќи со коментарот ‘никогаш не ја заборавај личноста која те хранела’.
19 годишниот
офанзивец, чии родители се разделени, веќе е хит, а сигурно во Јувентус се
многу задоволни од неговите настапи изминатиов период.
Биди модерен, обложувај се онлајн, играј на BetAdria.com и добиј до 100 ЕУР БОНУС на прв депозит, регистрирај се ТУКА.