Капитенот на Хрватска, Лука Модриќ добро се насмеа на прес-конференцијата кога новинарите му посочија дека е 22 години постар од младата ѕвезда на Шпанија, Ламине Јамал.
Во пресрет на натпреварот помеѓу Шпанија и Хрватска на вториот ден од Европското првенство, Лука Модриќ се појави пред новинарите.
„Секој сака да игра на вакви натпревари, се имаме сретнато со Шпанија неколку пати и добро ја познаваме. Детали ќе го решат мечот. Мораме да се прикакажеме во најдобро светло. Во Лигата на Нации покажавме дека заслужуваме да бидеме на врвот во европскиот фудбал, и мислам дека конечно е на ред да го сториме тоа и на едно Европско првенство, и во Германија да забележиме голем успех“ – вели Лука Модриќ.
„Не сакам да правам споредби на генерации, можам само да кажам дека репрезентацијата на Шпанија која триумфираше на ЕВРО 2008 и 2012, како и на СП 2010 беше уникатна, една од најдобрите во историјата“.
„Оваа Шпанија е многу силна, со огромен талент во составот. Има добар микс на млади и искусни фудбалери, кои се навикнати на вакви големи натпреварувања. Имаат брзи и продорни фудбалери, особено на крилните позиции. Во минатото, основата беше составена од играчи на Барселона и Реал Мадрид, но сега е поинаку. Тренерот им дава шанса на други играчи кои имаа одлична сезона“.
Новинарите потоа добро го насмеаја капитенот на Хрватска откако му посочија дека е 22 години постар во однос на младата ѕвезда Ламине Јамал.
„Вака кога кажавете, изгледа дека сум многу стар!“
„Годините не значат многу, важно е какви игри прикажувате долу на теренот. Оваа сезона Ламине Јамал правеше неверојатна работи и сите го гледаат како најголемата опасност на Шпанија. Има огромен потенцијал и го чека голема кариера“.