78
Лука Модриќ во прав момент го постигна својот втор гол во дресот на Милан, вечерва донесе победа од 1-2 на гостувањето кај Пиза.
„Росонерите“ ја продолжуваат потерата по Интер за врвот во Серија А, избраниците на Алегри вечерва стигнаа до победа од 1-2 на гостувањето кај Пиза.
Лофтус Чик го донесе Милан во предност од 0-1 во финишот на првиот дел, но домаќините стигнаа до 1-1 со голот на Лојола во 71. минута.
Но во завршницата од мечот, на сцена стапи Модриќ, кој одлично се снајде во 86. минута и го постигна својот втор гол во „црвено-црниот“ дрес за 1-2 и огромна радост.