Модриќ се изненадил од вестите кои ги слушнал, побарал итен состанок зо Перез и Зидан

by
1 минути читање

Лука Модриќ на
личен план ја живее најубавата година по преселбата на Бернабеу. Го доби
големото признание „Златната топка“ и ја прекина доминацијата на Лео Меси и
Кристијано Роналдо а ги доби и сите други индивидуални награди како „Д Бест“ на
ФИФА и она на УЕФА за Играч на годината.

„Кралевите“ исто
така го наградија со нов побогат договор и го направија еден од најпалатените
во тимот.

Но последните
информации велат дека Реал Мадрид сега подготвува непријатно изненадување за
Хрватот.

Еден Азар е
големата желба на Зинедин Зидан, па Французинот ќе му даде се што ќе посака.
Белгиецот во Челси и репрезентацијата на „ѓаволите“ игра со 10-та на грбот, па
го побарал овој број и во Реал а Зизу дал ветување дека ќе му биде исполнета
желбата.

Па Лука
Модриќ збеснал кога разбрал за ова од директор близок до Флорентино Перез, и веднаш побарал состанок со претседателот и тренерот. Не се исклучува
можноста Хрватот да замине доколку Реал му го земе бројот 10 и му го даде на
Еден Азар.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×