Модриќ раскажа како Кристијано Роналдо плачел од Мурињо

by bojan
1 минути читање

Лука Модриќ објасни какви тренери се Макс Алегри, Карло Анчелоти и Жозе Мурињо, вели дека „специјалниот“ бил најстрог и раскажа како еднаш Кристијано Роналдо дури и заплакал поради Португалецот.

Лука Модриќ изминатово лето го напушти Реал Мадрид и се пресели во Серија А, Хрватот продолжи да игра на врвно ниво и на 40 години.

На крајот од годината, тој седна на интервју со „Кориере дела Сера“ и говореше на неколку теми.

Во својата кариера, тој имаше прилика да работи под водство на големи тренерски имиња, па објасни какви се Макс Алегри, Карло Анчелоти и Жозе Мурињо.

„Алегри е извонредна личност. Малку потсетува на Анчелоти – чувствителен, духовит и секогаш подготвен за шега. Но кога станува збор за фудбалот, е тој е вистински мајстор. Го разбира фудбалот како никој друг“ – вели Лука Модриќ.

„Карлето е број еден, пред се поради неговиот карактер, но и поради квалитетите на клупата. Многупати разговаравме за Милано и Милан, и за негово ова место беше уникатно“.

„Мурињо е навистина специјален, и како тренер и како личност. Тој инсистираше да се преселам во Реал Мадрид, и без него, веројатно никогаш немаше да играм во белиот дрес“.

„Тој е многу строг, еднаш видов како Кристијано Роналдо плачеше во соблекувалната, човек кој го дава максимумот, не издржа откако беше критикуван зошто не трчал по противничкиот бек“.

„Мурињо е многу директен со играчите, но многу искрен. Го третираше Серхио Рамос исто како и новајлиите – ако требаше да ви каже нешто, без проблем ќе ви го каже тоа во лице“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×