Модриќ откри зошто одбрал трансфер во Милан и зошто се решил за дресот со број 14

by bojan
1 минути читање

Лука Модриќ вели дека Милан му бил еден од омилените клубови како дета, па кога „росонерите“ сега му доставиле понуда, не сакал да слушне за други клубови.

Лука Модриќ оваа недела го комплетираше трансферот во Милан, потпиша договор на една година со опција за додатни 12 месеци.

Во разговор со ТВ каналот на „росонерите“, Хрватот откри зошто решил да се пресели на Сан Сиро.

„Како дете многу гледав Серија А и Милан ми беше омилен тим- Бобан ми беше идол и тој играше таму“ – велу Лука Модриќ.

„Сакав да останам во Европа, да играм во конкурентно првенство. Имав и други понуди, но кога се јави Милан, ми беше јасно – сакав само преселба на Сан Сиро“.

„Исто така бев импресиониран од фактот дека спортскиот директор Таре дојде во Хрватска за да ми го презентира проектот. Тоа беше многу важно, ми покажа колку многу ме ценат и вреднуваат“.

„Исто така, Милан еден од најголемите клубови во светот. Па не смееме да се задоволиме со просечност, мора да си поставиме највиско можни цели, односно да освојуваме трофеи и да се надигруваме со најдобрите екипи“.

За изборот на дресот со број 14, тој додава: „Знам дека во Милан „10-ката“ ја носи голем играч како Леао, тој е сегашноста и иднината на клубот. Па со оглед на тоа дека „10-ката“ е зафатена, морав да одберам друг број и се решив за бројот 14“.

„Ми се допаѓа овој број, го носев во репрезентацијата на Хрватска, а и на почетокот од кариерата во Тотнем. Се надевам дека и тука ќе ми донесе успех“.

ФОТО: X/AC Milan

Можно е и ова да ти се допаѓа

×