Модриќ откри што ќе направи цела репрезентација на Хрватска доколку станат светски шампиони

by
1 минути читање

Хрватска стана само 13. земја која се изборила за финале на Светските првенства откако вчера со пресврт „Коцкастите“ триумфираа со 2-1 над Англија.

„Неверојатно е ова што го постигнавме, ни се оствари сонот по долги години напорна работа и многу битки. Сите сме горди, испишавме историја за Хрватска“ – вели Лука Модриќ. „Доколку славиме над Франција ќе ја обојам косата, а тоа ќе го стори и целата репрезентација. Среќни сме за целиот наш народ, цела Хрватска е на улица, никој не спие, нацијата го заслужува ова“.

Со одличните игри во Русија, Лука Модриќ се промовира во кандидат за „Златната топка“. 

„Не ме интересира „Златната топка“, навистина, мислам само на финалето и како да го подигнам пехарот заедно со соиграчите“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани