Модриќ нема да се пензионира, ќе продолжи да игра за Хрватска

by
1 минути читање

По освоениот бронзен медал, Лука Модриќ потврди дека нема намера да се пензионира, засега останува да игра на следните мечеви во Лигата на нации.

„Направивме нешто страшно за хрватскиот фудбал. Сакавме злато, бевме блиску. Можеме да бидеме горди на нашата игра и во Хрватска се враќаме како победници. Сега одиме да славиме во Хрватска. Успесите за репрезентацијата се посебни за мене и ме прават среќен. Како тим пораснавме многу“, вели Модриќ.

„Хрватска не е чудо кое се случува на 20 години. Не можат веќе да не гледаат како нешто што ретко се случува туку како една сила во фудбалот. Во последните години младите играчи покажуваат квалитет и донесоа нова енергија“.

„Иднината на нашиот фудбал е светла. Некои по првпат освоија медал. Мене ми требаше 12 години за тоа. Поминав низ се и сешто. Тие треба да го почитуваат тоа. Ќе играм за Хрватска и понатаму во Лигата на нации. А потоа ќе видиме како понатаму“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани