Лука Модриќ не се задоволува со финалето, сака уште една победа за крај и за освојување на најголемиот фудбалски пехар.
„Одигравме фантастично по примениот гол. Ги надигравме иако тие нешто велеа дека ние сме уморни а тие физички се поспремни, но не го покажаа тоа на теренот. Штета што повторно моравме да играме продолженија, но фала Богу што немаше пенали. Покажавме карактер. Три пати се враќавме од резултатски минус и верувавме дека и овој пат ќе биде така“, вели Модриќ.
„Не сакаме да застанеме тука бидејќи ние дојдовме по нешто повеќе. Не дававме никакви најави бидејќи бевме скромни и одевме чекор по чекор. Но вербата во нас беше огромна. Од кога сум во репрезентацијата не сум почувствувал ваква верба во соиграчите“.