Модриќ не му ја даде 10-ката па Азар се одлучил за необичен број на дресот во Реал Мадрид

by
1 минути читање

Еден Азар беше
промовиран во Реал Мадрид без број на дресот. Тој во најголемиот дел од
кариерата ја носи 10-ката, но овој број на Бернабеу во моментов е резервиран за
Лука Модриќ.

Белгиецот тогаш на
пресот откри дека на шега го замолил Хрватот дали може да ја добие 10-ката, но како
одговор добил категорично НЕ.

Втора опција беше
бројот 7, но според Марка, Еден Азар направил необичен избор и се решил за 23-ката.

Весникот вели
дека фудбалерот е голем фан на кошарката, поточно НБА, каде еден од
најпрестижните дресови е оној со бројот 23. Најдобриот кошаркар на сите
времиња, Мајкл Џордан се прослави со 23-ката на грбот во Чикаго Булс. Овој број
го носи и Леброн Џејмс, веројатно најдобриот кошаркар на денешницата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани