Веќе е познато
дека Интер беше на прагот да се засили со Лука Модриќ ова лето, но, не бил само
италијанскиот калчолигаш клуб на кого му бил понуден Хрватот, туку и неговиот
поранешен клуб Тотенхем исто така.
Според
информациите кои ги објави „BeIn Sports“ се
вели дека агентите на искусниот Хрват го понудиле својот фудбалер на
Премиерлигашот во текот на летово и тој бил заинтересиран за опцијата да се
врати во својот поранешен клуб од каде направи трансфер во Реал Мадрид.
Сепак, европскиот
првак не дозволил заминување на својот фудбалер, и покрај тоа што барем според
информациите кои се пренесуваат Модриќ бил заинтересиран за такво нешто, но,
медиумите додаваат дека Тотенхем ја одбил оваа опција.