Модриќ: На СП во Катар ќе биде мојот последен настап за Хрватска, збогувањето ќе ми биде многу тешко

by
1 минути читање

На негова возраст голем дел од играчите се пензионирани од националниот тим бидејќи не е лесно во тие години да се игра и за репрезентација и за клуб.

Па, во Хрватска често се поставува прашањето кога Модриќ ќе престане да игра за репрезентацијата.

„Свесен сум дека се ближи крајот на мојата кариера и ова Светско првенство ќе биде последно натпреварување во кое ќе играм за Хрватска. Луѓето често ме прашуваат зошто и понатаму играм за Хрватска наместо да се фокусирам на тимот, но репрезентацијата е нешто посебно за мене. Нема ништо поубаво од чувството да се игра за својата држава. Моето збогување најверојатно ќе биде многу тешко“, изјави Модриќ.

Модриќ од 2006 година игра за Хрватска, досега има одиграно 154 меча и постигнато 23 гола.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани