Модриќ на Мундијалот истрча како никој друг

by
1 минути читање

Хрватска направи
големо изненадување пласирајќи се во големото финале од Светското првенство во
Русија, па така, во недела ќе ги одмери силите со стариот должник од 1998.
година, селекцијата на Франција.

Секако дека Лука
Модриќ е еден од најзаслужните за успехот на Коцкестите кои ќе се обидат да го
подигнат светскиот пехар, а токму тој досега на овој Мундијал истрчал
неверојатни 63 километри, или статистички околу 10 километри по меч, ниту еден
друг фудбалер го нема тој учинок на турнирот досега.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани