Модриќ ќе игра за Реал Мадрид на Светското клупско првенство, па потоа ќе потпише за Милан!

by riste
0 минути читање

Лука Модриќ сака комплетно да му се посвети на Реал Мадрид за време на Светското клупско првенство, па потоа ќе се фокусира на неговиот трансфер во Милан.

Хрватскиот фудбалер ќе игра за кралскиот клуб на престојниот голем турнир и тоа ќе му бидат последните настапи во белиот дрес.

Откако ќе го заврши тоа, ќе ги помине медицинските тестови и ќе стави потпис на договор со Милан.

Договорот со Милан ќе биде на една година, со опција за продолжување на соработката на уште една сезона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×