Модриќ ќе игра за Милан и за помалку пари!

by Стефан
1 минути читање

Хрватската фудбалска ѕвезда Лука Модриќ е на чекор да ја продолжи својата авантура во Милан и во следната сезона, откако во четвртокот остварил средба со спортскиот директор на клубот, Игли Таре.

Според најавите, искусниот играч за врска ќе потпише нов договор тежок околу 4,5 милиони евра, дополнет со бонуси, што воедно значи и намалување на неговата плата за приближно два милиони евра.

Во редовите на „росонерите“, Модриќ се очекува да има значајна улога, не само како лидер на теренот, туку и како ментор за помладите фудбалери, особено во клучните моменти од сезоната.

Оваа натпреварувачка година, хрватскиот ветеран запиша 31 настап во дресот на Милан, при што успеа да постигне два гола и да запише три асистенции.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×