Модриќ како господин одговори на вечната дебата па порача: Роналдо има огромно срце, луѓето не го сфаќаат тоа!

by bojan
1 минути читање

Лука Модриќ одби да одговори на тоа кој е подобар, Кристијано Роналдо или Лео Меси, но затоа имаше многу пофални зборови за Португалецот, со кого делеше соблекувална во Реал Мадрид.

Хрватот оваа недела седна на разговор со весникот Кориере дела Сера, одговори на бројни прашања, а неизбежна беше и вечната дебата – кој е подобар, Кристијано Роналдо или Лео Меси?

„Не ми се допаѓа прашањето, се работи за двајца фудбалери кои одбележаа една ера“ – вели фудбалерот на Милан.

„Игра со Кристијано Роналдо, па повеќе сум поврзан со него. И можам да ве уверам дека тој не само што е врвен фудбалер, туку и неверојатна личност“.

„Кристијано Роналдо има огромно срце, но луѓето тоа не го сфаќаат“.

Португалецот често знае да биде критикува за своето однесување, често има коментари дека тој е арогантен и има „комплекс на бог“, но еве сега Лука Модриќ, а и претходно други негови соиграчи секогаш ги демантираат ваквите стории, и презентираат сосема поинаква слика за Кристијано Роналдо.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×